Вкупно 26 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Вкупно 26 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 26 лица, обвинети за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна … Повеќе

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против една од обвинетите во случајот со лекувањето на девојчето Тамара Димовска од Велес. Имено, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Скопје, а по барање на обвинетата, заради здравствени причини, Судот ја раздвои постапката против неа и донесе првостепена … Повеќе

Предложена парична казна за хотел во Скопје кој работел и покрај забраните

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик. Обвинетото физичко лице, во својство на управител на правниот субјект – хотел, не постапил согласно законските прописи … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозволено поседување пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со … Повеќе

Уште 30 лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Против 30 лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија … Повеќе

Тројца осомничени за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред … Повеќе

Поднесени предлози за парични казни за 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 30 лица заради непочитување на полицискиот час. Обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување … Повеќе

Побарани парични казни за правни и физички лица во струшко заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 физички лица и 2 правни лица од Лабуништа за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Физичките лица, во својство на управители на обвинетите правни лица, не постапиле согласно одлуките и мерките донесени … Повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за … Повеќе

Предложени парични казни против 29 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлози за издавање казнени налози против 29 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на … Повеќе

Вкупно 33 лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 33 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, за време на полициски час, биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола … Повеќе

Скопјанец осуден за загрозување на сигурноста

Постапувајќи по Обвинителен предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе првостепена пресуда со која обвинетиот Д.Д. е огласен за виновен за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пресудата е донесена по признание на вина од страна … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозолено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, … Повеќе

Дванаесет обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Предлози за издавање казнени налози поднесе Основното јавно обвинитеслтво Скопје против 12 лица обвинети за Непостапување според здравствените прописи, кривично дело предвидено и казниво согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за веме на полицискиот … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против градоначалникот на општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Иницијативата за кривично … Повеќе

За 43 лица во Скопје побарани казни за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка против четворица

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири  лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле … Повеќе

Предложено задолжително психијатриско лекување за скопјанец обвинет за убиство на сопствениот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за лице обвинето за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до надлежен суд поднесе два предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени  вкупно 4 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при прекршување на полицискиот час, односно непочитување … Повеќе

Жител на гостиварско Чегране под истрага за обид за убиство на соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Чегране поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 33-годишник, на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина … Повеќе