Поведена постапка за дилер на дрога

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во … Повеќе

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Велес на 26 годишна возраст за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана … Повеќе

IN MEMORIAM

На 7.10.2020 година, во Струга,  на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење … Повеќе

Преземени дејствија за утврдување на причините за смртта на дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете , штитеник на Специјаниот завод Демир Капија. Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само … Повеќе

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 32 – годишен битолчанец кој неовластено држел наркотична дрога хероин, со што го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во домот на осомниченото лице, на 29.9.2020 … Повеќе

Побаран притвор заради силување

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на 55-годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, … Повеќе

Притвор за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение дека како соизвршители ги сториле кривичните дела –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1 и  Неовластено изработување, … Повеќе

​ Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – … Повеќе

Обвинение за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете  од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик. Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 … Повеќе

Поведена постапка за силување во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик. Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На  17.9.2020 околу 22.00 … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот. Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство. Во  близина на село Прждево, … Повеќе

Притвор за дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот … Повеќе

Притвор за извршено разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 9.9.2020 година околу 18,45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил  златниот ланец што го носела околу вратот и … Повеќе

Работна средба со Министерот за правда

Имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство и претстојните реформи во насока на унапредување на јавнообвинителскиот систем беа тема на денешната средба меѓу Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Министер за правда во Владата на Република Северна Македонија На средбата беше потенцирано дека Јавното обвинителство има итна потреба од зајакнување … Повеќе

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, … Повеќе

Обвинение за насилството во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 18 август 2020 … Повеќе

Обвинение за тетовец кој нападна полициски службеници

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен предлог со предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец,  за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 август 2020 година, околу 1.30 часот, во комплексот на манастирот … Повеќе

Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп

По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за  спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил  кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Побаран притвор заради обид за силување на 76-годишна кумановка

Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановец, на возраст од 38 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело– Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик. Кривично правниот настан се случил на 27.08.2020 година, околу 12,00 часот во Куманово, кога осомничениот со … Повеќе