Италијанец обвинет за употреба на лажен сертификат за негативен ПЦР тест

Италијанец обвинет за употреба на лажен сертификат за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 59-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 23 април, се обидел да отпатува преку Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената … Повеќе

Обвинение за скопјанец фатен со дрога на „Блаце“

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 47-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин “Блаце”, … Повеќе

Тројца обвинети за разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, тројцата обвинети влегле во спортска обложувалница на улица „1613“, покажувајќи метален пиштол со пластична рамка се заканиле дека ќе … Повеќе

Во Гостивар поднесено обвинение заради предизвикување опасност и спречување на службено лице во вршење службено дејствие

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен  предлог против две лица,  жители на с. Лакавица, на возраст од 27 и 52 години, кои вечерта на 12 септември 2020 година предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и спречиле службено лице во вршење на службени дејствија. Имено, вечерта околу 21.50 часот, службени лица, четворица полицајци, … Повеќе

Гостиварското обвинителство поднесе обвинение за напад врз службено лице

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска до надлежниот суд  поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен жител на Гостивар кој го сторил кривичното дело – Напад  врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 април 2021 година, во 17:10 часот, со употреба … Повеќе

Битолското обвинителство предложи парични казни за четворица заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица кои за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот директор на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување. Иако со … Повеќе

Две лица во Скопје обвинети дека го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, на возраст од 20 и 48 години, заради непочитување на полицискиот час. Во одвоени настани на 29 и 30 март, тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, прекршувајќи ја … Повеќе

Донесено решение за отфрлање на кривична пријава за оддавање класифицирани информации

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна. Јавниот обвинител утврди дека … Повеќе

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на … Повеќе

Притвор заради криумчарење на непријавена стока

         Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, поведе постапка за едно лице, жител на Рашка, Краљево, Р.Србија за кривично дело Криумчарење од член 278 став 1 од Кривичниот законик.         Осомничениот на  30.3.2021 година околу 22.30 часот избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на ГП Богородица … Повеќе

Истрага заради пронајдено оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 27 март 2021 година, … Повеќе

Одржана прес конференција за предметот „Планина“

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одржа прес-конфереција на на која ги информираше медиумите и јавноста за деталите од предметот под назив „Планина“. Почитувајќи ги протоколите за заштита од натамошно ширење на вирусот COVID-19, прес конференцијата беше реализирана на далечина. Видео записот може да … Повеќе

Побаран притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и со предлог до Основниот суд Битола побара на едно лице да му се определи мерка притвор, бидејќи постои основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 … Повеќе

Обвинение заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против 5 лица – косовски државјани за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик. Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани … Повеќе

Обвинение за затајување и лажно пријавување кривично дело

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Неготино против 22-годишен жител на Неготино за сторени кривични дела  Затајување од член 239 став 3 во врска со став 1 и Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 7 декември 2020 година противправно за себе … Повеќе

Двајца албански државјани осомничени за тешки кражби во Гостивар

Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи … Повеќе

Против вкупно пет лица поведени постапки за нарушување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и … Повеќе

Годишен план за јавни набавки за 2019 година

Годишен план за јавни набавки 2019 година ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 1 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 2 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 3 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ … Повеќе