ИЗЈАВА на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

ИЗЈАВА на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, залагајќи се за доследно остварување на принципот на отвореност, правото на информирање и слобода на медиумите, укажува дека еден од основните принципи во работењето е транспарентноста и отчетното работење  гарантирани во член 8 од Законот за јавното обвинителство и во Упатството за односи со јавноста. Медиумите се помош во … Повеќе

Поведени постапки против 11 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Против две лица, пак, за истото кривично дело е поднесен обвинителен предлог. Во различни временски периоди и на различни локации, … Повеќе

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 55-годишник од Скопје со место на живеење во Истанбул, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 14 мај, при излез од Република Северна Македонија преку граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје прикажал лажна исправа – … Повеќе

Поведена постапка заради тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен државјанин на Република Албанија поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 13 мај 2021 година, околу 15.30 часот во с. Гнеотино кај м.в. Чаир, физички нападнал едно лице удирајќи го со стап … Повеќе

Поведена постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 32-годишен скопјанец, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на  14 мај 2021 година, службените лица … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против  19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на … Повеќе

Притвор за двајца осомничени кои неовластено држеле оружје

Основното јавно обвинителство Струга поведе истражна постапка против 55-годишен жител на с. Трапчин Дол, кичевско и 42-годишен жител на с. Франгово, струшко, бидејќи постои основано сомневање дека секој од нив го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став … Повеќе

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека … Повеќе

Пронајден хероин во автомобил на патарината Сопот, поведена истрага за две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 36 и 34 години, по претходен договор набавиле 20,01 грама наркотична дрога … Повеќе

Работна средба со претставници на синдикатот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ на која се говореше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства. Висината на платите и додатоците  за јавно обвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и … Повеќе

Поведена постапка против тројца за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица, двајца скопјани и еден државјанин на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на … Повеќе

Тројца обвинети за насилство во гостиварско Сенокос

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 3 јануари, во селото Сенокос, како соизвршители во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг, а во јавноста предизвикале чувство … Повеќе

Постапка против три лица во Гостивар за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите биле затекнати при непочитување на определениот полициски час како мерка за заштита од коронавирусот, односно за време на … Повеќе

Постапки против четворица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Против четири лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како … Повеќе

Струмичкото обвинителство поведе постапка против осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на с. Вељуса поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот  на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел … Повеќе

Поведена постапка за дилерка на дрога

Кумановското обвинителство поведе постапка против 37-годишна жителка на Куманово, поради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во домот на осомничената на 4 мај 2021 година, овластените службени … Повеќе

Постигната спогодба со осомничените за царскиот рез во Клиничката болница во Битола

Основното јавно обвинителство Битола, по спровредената претходна постапка, а пред поднесување на обвинителен предлог постигна спогодба со трите осомничени лица – двајца специјалисти гинеколози од Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола и странска државјанка која без соодветна лиценца за работа од лекарската комора во земјата, правела царски … Повеќе

Гостиварското обвинителство побара притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, 57-годишен жител на с.Здуње, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пушање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во возилото на осомничениот, на 28 април … Повеќе

Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постпка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела  Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или … Повеќе