Односи со Јавноста

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи во Дебриште

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки … Повеќе

Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на … Повеќе

Обвинение за прилепчани кои краделе во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе  Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани  на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера … Повеќе

Истрага за разбојништо

Осовното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 29-годишен жител на Струга, поради основано сомнение дека извршил кривично дело- Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со црна капа која му го покривала ликот, на 16.11.2019 година околу 11.40 часот, со намера противправно да … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство, на 14.3.2020 година,  донесе Задолжително упатство. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст:   ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната несреќа во Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Попладнево околу 12.45 часот на крстосница во Кавадарци се судриле мотор „Јамаха“  и  џип „Форд“ со битолски регистарски ознаки. … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство на 13.03.2020 година  донесе Задолжително упатство за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар … Повеќе

Постапка за разбојничка кражба

Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе  Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, околу 10.00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно … Повеќе

Обвиненија за тројца крадци

Основното јавно обвинителство Скопје денеска во Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица кои извршиле кражби во одделни кривично правни настани. Со Обвинителен предлог се опфатени двајца скопјани на возраст од 29 и 44 години, кои во периодот од 16 до 19 февруари 2020 година, од викенд куќа лоцирана во с. Идризово, скопско, … Повеќе

Побаран притвор поради уцена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна битолчанка, поради основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 15 јануари до 11 март, осомничената со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого … Повеќе

Обвиненија за џепчии

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица за сторено кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Со првиот Обвинителен предлог се товарат две лица кои како соизвршители го сториле кривичното дело, кога на 6 март , околу 13:30 часот, на автобуската станица … Повеќе

Обвинение за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, кој го товари дека сторил кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд … Повеќе

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 10.03.2020 година во домот на осомничениот во населбата Илинден, … Повеќе

Истрага за три лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

По повеќедневни активности и насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската  управа спроведоа акција во која во бункери на возило е пронајдена наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 4.951,7 грама, а две лица … Повеќе

Поведена постапка за измамени странски државјани и правни лица

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица, жители на Ресен, поради сомнение дека како соизвршители, со временски поврзани дејствија сториле продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1, во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. По проверка на наводите од поднесените кривични пријави, … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело  – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, … Повеќе

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против … Повеќе

Обвинителен предлог за криумчарење на 40 мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.02.2020 година на  претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици  претседатели  и  членови на Избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле … Повеќе

Обвинение за убиство во обид

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа … Повеќе