Односи со Јавноста

Тројца осомничени за кражби на дрзок начин на гостиварскиот пазар

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против три лица, осомничени за две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои еден државјанин на Република Северна Македонија и двајца државјани на Република Косово, на 29 октомври, со возило марка Фолксваген голф … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против 11 лица

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави обвинителен акт против 11 лица. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт првообвинетиот се товари дека сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со … Повеќе

Се врши увид на градежна локација во Куманово каде беа повредени десетмина работници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени десет градежни работници. Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата се здобиле со полесни … Повеќе

Поднесено обвинение за извршени две разбојништва во финансиски друштва

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 5 август, влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол марка … Повеќе

Притвор за двајца за тешка кражба во Битола

Осомничените, на 14 октомври, како соизвршители отишле во продажен салон за бела техника во Битола, претходно договорени со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети. Откако влегле во таванскиот простор, тие направиле отвор низ кој едниот од нив се спуштил во продажниот салон и одзел повеќе мобилни телефони и дигитални фотоапарати од разни марки во … Повеќе

Три лица во Гостивар осомничени за разбојништво врз камионџија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на 25 октомври, во близина на наплатна станица на автопатот Гостивар-Тетово, замолиле едно … Повеќе

Кичевец осомничен за обид за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник, на 22 октомври, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и … Повеќе

Истрага против две лица кои извршија разбојништво во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик. Двајцата тетовци на возраст од 22 и 21 година,  на 14 октомври, како соизвршители, со сила и закана употребена … Повеќе

Поведена постапка за лице во чиј дом беше пронајдено оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 17-ти октомври во домот на … Повеќе

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Република Албанија поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 19 октомври неовластено заради продажба пренесувал … Повеќе

Демант

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денес во италијанскиот весник „Ла Верита“  во текстот под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“. Невистинитите и непроверените факти во текстот освен како моментална сензација за непознавачите на состојбите во нашата држава, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во неколку наврати укажа дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни, што не е случај со објавениот текст.

Имено, во текстот се наведува дека висок функционер на политичка партија, со носечка функција во Собранието на РС Македонија е во куќен притвор. Точно е дека со новоотворената истражна постапка е опфатен и овој функционер, но за него по предлог на обвинителството се изречени алтернативни мерки за обезбедување, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

Повеќе

Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој … Повеќе

Обвинение за лицето кое украде возило и нападна полицајци

По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари дека сторило кривични дела  – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1 во … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништвото во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се … Повеќе

Извршен е увид на железничкиот премин каде воз удри во автомобил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на местото каде се случи железничка несреќа во која се повредени четири лица. Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило Ауди во … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување на околу еден килограм марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како … Повеќе

13 лица под истрага за Криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, македонски државјани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ предвидено … Повеќе

Двајца косовски државјани обвинети за кражба на облека од трговски центар во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Косово кои се товарат дека како соизвршители извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетите, по претходен договор,  на 11 октомври, во … Повеќе

Едно лице под истрага за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на  … Повеќе

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани … Повеќе