Односи со Јавноста

Едно лице под истрага за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на  … Повеќе

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани … Повеќе

Поведена постапка за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 60-годишна возраст од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 11-ти октомври околу 20.30 часот,  откако претходно се довел во … Повеќе

Едно лице под истрага за поседување оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични … Повеќе

Обвинителен акт за три лица во предметот „Рекет“

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. Две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во … Повеќе

Под истрага пет физички лица и едно правно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 … Повеќе

Поднесено обвинение за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 5 октомври, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска … Повеќе

Притвор за двајца албански државјани кои пренесуваа дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – државјани на Република Албанија поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, татко и син,  по … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за недозволено поседување оружје и марихуана

Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело –  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став … Повеќе

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение против осомничен сторител на неколку кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 27 и 28 септември, извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на … Повеќе

Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувалница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал … Повеќе

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане,  Липково, поради основано сомнение дека  извршил кривично дело  – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста   од член  383 став 2 во врска со став 1  од Кривичниот Законик. Осомничениот на 29.09.2019 година со употреба на опасно орудие  нападнал службено лице-полицаец и … Повеќе

Соопштение

Во поглед на поднесениот Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик со кој обвинетиот се товари дека на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна, Основното јавно обвинителство Скопје ги дава следните … Повеќе

Поднесено обвинение за оддавање службена тајна

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична … Повеќе

Поведена постапка против полицаец за злоупотреба на службената положба и овластување

Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет против едно лице, 50 – годишен полицаец од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот полицаец го сторил делото на 21 септември, околу 16.20 часот, кога по завршување … Повеќе

Отворена истрага против жител на Кичево во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во Кичево, на 20 септември, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето … Повеќе

Завршена истражна постапка за осомничените во „Рекет“

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништво во заложна куќа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека вчера извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната … Повеќе

Отворена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 … Повеќе