Односи со Јавноста

Отворена постапка против осомничен дилер на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено извршување на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од кривичниот законик. Имено во периодот од јуни до септември, во повеќе … Повеќе

Соопштение

По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава … Повеќе

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка. … Повеќе

Отворена постапка против лице кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По преземањето на предметите,  доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе … Повеќе

Започна имплементацијата на твининг проектот за градење на институционалните капацитети на истражните центри

Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Министерството за правда на Република Хрватска денеска го означија почетокот на имплементацијата на твининг проектот финансиран од Европската унија: „Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар“

Општата цел на проектот е подобрување на ефикасноста и делотворноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри, кои вклучуваат истражители од различни профили во спроведување брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки.

„Во 2018 година беше донесена одлука во која е определен бројот на припадници на правосудна полиција во истражните центри, но тие до овој момент се уште не се заживеани. Овој проект доаѓа во вистинско време“, нагласи Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Повеќе

Скопјанец под истрага за разбојништво во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен  колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен … Повеќе

Поднесено обвинение за загадување на животната средина од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе Обвинителен акт против едно одговорно лице за кривично дело –  Загадување на животната средина и природата  од член 218 став 2 од Кривичниот законик, како и против правното лице АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија кое се товари дека сторило … Повеќе

Поведена постапка за едно лице за тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело  – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3 септември, во кругот на еден деловен субјект, на булеварот „Србија“ во Скопје, со … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје. Во известувањето се наведува дека Јавниот … Повеќе

Поднесено обвинение против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 30-годишен жител на Скопје, на 07 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро … Повеќе

Поведена постапка за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и … Повеќе

Притвор за татко и син – дилери на дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица  за кои постои основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен … Повеќе

Јавен обвинител од ОЈО Гостивар заврши со увидот каде рано утринава беше извршено убиство

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по завршениот увид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот закон. При увидот презеде низа дејствија во насока на расветлување на кривично правниот настан, издадени се наредби за прибирање на траги од … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во гостиварското село Равен

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18 август  оштетениот, 72-годишен жител на с.Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа … Повеќе

Петмина осомничени за предизвикување на пожарот во околината на Велес

Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице. По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија … Повеќе

Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 26 август, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на … Повеќе

Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот … Повеќе