Односи со Јавноста

Поведена постапка за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и … Повеќе

Притвор за татко и син – дилери на дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица  за кои постои основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен … Повеќе

Јавен обвинител од ОЈО Гостивар заврши со увидот каде рано утринава беше извршено убиство

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по завршениот увид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот закон. При увидот презеде низа дејствија во насока на расветлување на кривично правниот настан, издадени се наредби за прибирање на траги од … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во гостиварското село Равен

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18 август  оштетениот, 72-годишен жител на с.Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа … Повеќе

Петмина осомничени за предизвикување на пожарот во околината на Велес

Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице. По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија … Повеќе

Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 26 август, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на … Повеќе

Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа во која загина еден мигрант

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото на сообраќајната несреќа во која еден мигрант загина, а 12 беа повредени. Според првичните сознанија, несреќата се случила кога автомобил Фолксваген фетон, во кој засега непознато лице превезувало 13 мигранти, удрил одзади во товарно моторно возило со кавадаречки регистарски ознаки. Од … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Од започнување на истражната постапка, водејќи се од големиот интерес на јавноста, обвинителството секојдневно настојува во … Повеќе

Скопјанец осомничен затоа што во домот држел муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23 август, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од … Повеќе

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомневање да сториле кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6  во врска со ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик. Едно од лицата, 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се … Повеќе

Средба Јовески-Нурдаулетов

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан Гизат Дауренбекович Нурдаулетов. На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството. Нурдаулетов, со декрет на Претседателот на Република … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство уште од донесувањето на Наредбата за спроведување на истражната постапка против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, имаше основи на сомневање дека и лицето врз кое се влијаело, јавниот обвинител, презел кривично-правни дејствија. Со досега обезбедените вербални и материјални … Повеќе

Отфрлена иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата поради застареност

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Ваквото решение е донесено бидејќи настапила застареност … Повеќе

Обвинение за дваесет лица во предметот „Чичек“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја спроведува од февруари годинава против 21 лице, надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 20 лица. Едно осомничено лице е недостапно за органите на прогонот и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. … Повеќе

Притвор за осомничениот за убиство во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Имено, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел … Повеќе

Обвинителен акт за четворицата вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање

По сеопфатна истражна постапка отворена во март годинава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, македонски државјани. На тројца обвинети им се става на товар дека со извршените дејствија сториле по едно кривично дело Злоупотреба на … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени. Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки … Повеќе