Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.
Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувалница
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик. Обвинетиот 28-годишник, на 20.09.2019 година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувалницата му се заканил … Повеќе