Односи со Јавноста

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошното постапување на полицијата. При прием на информации, согласно на поединечните настани, … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства. Надлежните јавни обвинители  во континуитет  се  во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар работи на расветлување на оружениот инцидент во кој татко повреди син

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредби за спроведување на истражна постапка против татко и син, инволвирани во меѓусебен оружен инцидент. Според првичните сознанија, инцидентот се случил кога синот Б.С., по вербална расправија во семејната куќа, физички го нападнал својот татко А.С. со тупаници, нанесувајќи му телесни повреди во пределот на главата и слабината и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје на увид на местото на сообраќајната несреќа во која учествуваа три возила на АРМ

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, заедно со увидни екипи од  Министерството за внатрешни работи и од воената полиција, изврши увид на лице место на сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Велес, во која учествуваа три возила на Армијата на Република Македонија. Според првичните сознанија, несреќата се случила кај наплатната рампа кај езерото „Младост“, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на расветлување на убиството на малолетник на Матка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредби за спроведување на истражна постапка против две 19-годишни лица, осомничени за вчерашниот кривично-правен настан на скопска Матка, во кој при тепачка беше убиено едно малолетно лице. Едното лице е осомничено за сторено кривично дело – Убиство, од член 123 од Кривичниот законик, додека второто … Повеќе

Јавен обвинител ноќеска вршеше увид во домот на убиената старица во Прилеп

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во текот на ноќта изврши увид во семејна куќа во Прилеп во која се случи убиство. Вчера вечер околу 23,00 часот, при вршење семејно насилство, 30 годишен маж со умисла ја лишил од живот неговата баба со која живеел. Додека сега починатата спиела во нејзиниот кревет, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на расветлување на грабежот во банкарски трезор

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Затајување по член 239 став 5, а во врска со ставовите 3 и 1 и со член 45 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека затаилo два милиони швајцарски франци и 270.000 евра од главниот трезор … Повеќе

Обвинителен предлог за лицето што го симна знамето на Република Македонија во Куманово

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд – Куманово поднесе Обвинителен предлог против Л.К. за сторени кривични дела – Напад на службено лице при вршење на јавна безбедност од чл.383 ст.2 вв со ст.1 и Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од чл.319 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, на 31 минатиот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место на настанот кој се случи денеска напладне, кога беше лишена од живот шеесет и четири годишна велешанка

Сосед на сега починатата најпрвин вербално со закани ја нападнал неа и нејзините син и снаа. Откако осомничениот тргнал кон нив со себе носејќи земјоделска алатка и нож, оштетените влегле во нивната куќа и се заклучиле. Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот … Повеќе

Обвинителен акт за возачот што ја предизвика сообраќајната незгода на регионалниот пат Скопје – Велес во која загина 19 годишно момче

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против Ј.Д. за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 и во врска чл.12 ст.2 во врска ст.1 од Кривичниот законик. Настанот се … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово​ ​го расветлува обидот за убиство во с. Палатица

Вчера во попладневните часови, во дворот на Основното училиште „Фан Ноли” во с. Палатица – Општина Желино ученик во седмо одделение се здобил со прострелна рана и е во животна опасност. Настанот се случил кога 17 годишник од Скопје со пријавен престој во с. Палатица истрелал куршум кон седмоодделенецот. Детето поради сериозноста на повредите е … Повеќе

За еден месец Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција разби четири нарко групи

Во координирана соработка со Секторот за криминалистички истраги – единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција разби уште една група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител денеска … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во фабрика во која се затруле над 200 лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, заедно со екипа од СВР Тетово и надлежни инспекциски служби врши увид во фирма лоцирана во слободната индустриска зона, во близина на тетовското село Сараќино. Имено, утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, … Повеќе

Наредена истрага против три лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – единица за недозволена трговија при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Ф.И. (50) , С.Ф. (50) и М.А. (47), поради постоење на основано сомнение дека … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачите на британски државјанин

Во текот на вчерашниот ден на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар зеде изјава од оштетениот и издаде низа наредби во насока на расветлување на настанот. Според исказот на оштетениот, лицата го врзале и го внеле … Повеќе

Поведена постапка против организирана криминална група заради продажба на наркотици

По напатствија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група. Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола … Повеќе

Поведени постапки за изборни нерегуларности

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за Претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Во истражните постапки опфатени се повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи … Повеќе

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик. Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот  на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреба на службена положба

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно службено лице носител на висока функција во општина Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1  од Кривичниот законик. Осомничениот во … Повеќе

Обвинителен акт против три лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица – членови на криминална група. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик. Четиричлената група организирала влез … Повеќе