Односи со Јавноста

Пронајден осомничениот за убиството во Охрид

Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е  преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан. Осомничениот кој потекнува од … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид истражува сторено разбојништво со смртни последици

Во тек на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка. Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција истражува криумчарење на мигранти откриено по случена сообраќајна незгода

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство – Струмица,  презема  дејствија за расветлување и документирање на кривично правниот настан со елементи на кривично дело -Криумчарење мигранти од чл.418-б и кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 од Кривичниот законик. Имено, во текот на вчерашниот ден … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција. Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани ги истражува причините за смртта на пронајденото машко лице

Утринава во подрумски простории на зградата во која што живеел во Кочани е пронајдено починато машко лице на возраст од 26 години. Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на насилство, … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

По повод објавените натписи, како и заради потреба од објективно информирање и избегнување на шпекулации, Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во врска со изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016 година. Основното јавно обвинителство – Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

На ден 07.02.2017 година околу 17,00 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај 112 км се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ марка „Фолксваген Пасат“ управувано од лице, жител на с.Трн-Битола, на возраст од 31 година, и ПМВ марка „Опел Вектра“ управувано од жител на Прилеп, на возраст од 58 години. На лице место починала сопатничка во … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп го истражува убиството во с.Свето Митрани, крушевско

Денеска околу 8,25 во с.Свето Митрани-Крушево случено е убиство на 44 годишен жител на селото. Телото на убиениот е пронајдено во продавница со две прострелни рани во пределот на градниот кош. Настанот е пријавен во МВР ПС Крушево, за истиот е известен дежурниот јавен обвинител кој изврши увид на местото на настанот заедно со увидна … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Битола ја истражува причината за смртта на бездомното лице

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола заедно со екипа од МВР, изврши увид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починато машко лице. Настанот е пријавен од страна на друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот. При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување … Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово го истражува опожарувањето на автомобил

Настанот  се случил на 28 декември, кога осомничениот со намера, употребувајќи запалива материја, опожарил возило Голф 6, сопственост на жител на Куманово.  Според првичните сознанија, причина за стореното дело биле влошени меѓучовечки односи кои траеле неколку години, а започнале кога осомниченото лице било студент на факултет каде сопственикот на возилото е професор. Од пожарот со … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово​ поднесе Обвинителен акт за убиството во кругот на Црквата „Св. Мина“

Основното јавно обвинителство -Куманово поднесе Обвинителен акт против лицето Д.Д. за сторено кривично дело – Убиство од чл. 123 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 26 јуни годинава со умисла го лишил од живот сега починатиот Б.И. Настанот се случил кога по посета на ноќен клуб, обвинетиот и жртвата се упатиле кон кумановската … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвиненија за инцидентот кај Здравствен дом

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство согласно член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот Б.И. се товари дека прегазил четиригодишно дете во близина на Здравствениот дом во Куманово, во инцидентот што се случи на 25 јуни годинава. За истиот настан против три други лица е … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која загина пешак

На 21.12.2016 година околу 16,00 часот се случи сообраќајна несреќа во Прилеп, во која патничко моторно возило марка „Голф“ управувано од педесет и седумгодишен жител на Прилеп удри во пешак на возраст од 61 година.  По несреќата пешакот итно е префрлен во болницата во Прилеп, каде по кратко време починал. Извршен е увид на местото … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите. Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека на 13.12.2016 година во рамки на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес на дом на лицето С.В. во Куманово. Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на Судија на претходна постапка од Одделението за … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид за сообраќајната несреќа во која има една жртва

Денеска, во 14.25 минути случена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево –Гостивар, кај село Колари. Патничко моторно возило Мерцедес  со охридски регистарски таблички излегувало од локалниот пат кој води во с. Колари при што во него удрило патничко моторно возило  Ауди со кичевски регистарски таблички. При несреќата возачот на Мерцедесот, жител на с.Колари, се … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струмица изврши увид на местото на инцидентот во кој беше употребено службено оружје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, по добиено известување дека од овластени службени лица од СВР – Струмица при преземање на службени дејствија е употребено службено оружје на улица „Бетовенова“, изврши увид на лице место. Притоа на местото беа пронајдени три чаури кои потекнуваат од огнено оружје со кое бил задолжен инспектор … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес го расветлува вчерашното убиство

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место за вчерашното убиство кај местото Којник во Велес. Настанот се случил околу 14.00  часот, кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука. При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот. Во обид да избега на сторителот, … Повеќе