Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска во Тирана оствари средба со Главниот обвинител на Албанија г. Адриатик Лала, на која стана збор за проширување на натамошната соработка, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат обвинителствата во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Започната истражна постапка против царински службеник
Основното јавно обвинителство – Скопје во соработка со СВР Скопје – Одделение за економски криминал започна истражна постапка против едно лице, вработено на неопределено време како цариник во царинската испостава „Блаце“. Осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од едно оштетено лице за да не изврши … Повеќе