Односи со Јавноста

Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајната несреќа во Кисела Вода

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде Наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот, 22-годишниот С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 27.07.2016 година во Кисела Вода. Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид во Средорек, каде беше убиен полицаец

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово синоќа изврши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили. Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово на увид во Средорек заради убиство на полицаец

​Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово вечерва врши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили. Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар нареди обдукција и на вториот труп пронајден на Бистра

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар е на лице место и врши увид на локацијата на падините на Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево беше пронајдено уште едно мртво тело. Притоа, надлежниот обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска … Повеќе

По предлог на надлежен обвинител, притвор за лице осомничено за полов напад врз дете во с. Заполжани

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, судија на претходна постапка од Основниот суд – Прилеп денеска му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лице осомничено за сторени две кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и за Силување. Осомничениот, 51-годишен жител … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 2:30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А., удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар нареди обдукција на тело во распаѓање пронајдено на падините на Бистра

Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, пронајден во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари. Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. Првичните сознанија упатуваат дека починатото лице е еден од двајцата исчезнати – татко и син по кои … Повеќе

Истражна постапка за едно лице осомничено за полов напад врз дете во Скопје

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека на 22.07.2016 година, околу 19:30 часот извршил други полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани отвори постапка за сторено продолжено кривично дело Силување

Сторителот делото го сторил на 14 јули 2016 година, врз малолетно девојче, кое го принудил на обљуба два пати за кус временски период, со што извршил продолжено кривично дело Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Поради стореното, Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна … Повеќе

Обвинителството веќе неколку дена работи во предмет за употребата на оружјето на свадбената веселба

По написите во повеќе медиуми во кои се пишува за свадбената веселба на која е употребено оружје, како и за други настани на кои истото оружје е користено и каде има индиции и за евентуално сторени кривични дела, а во насока на информирање на јавноста, јавното обвинителство потенцира дека за овие настани веќе има отворено … Повеќе

Поднесен Обвинителен предлог против директор од Велес за неправилности во спроведена ученичка екскурзија

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице – директор на средно училиште во овој град, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари за неправилности околу спроведената екскурзија за учениците во трета година од училиштето. Имено, … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка против шеснаесет лица во предметот Којот

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје  во предметот Којот донесе Наредба со која се спроведува истражна постапка против 16-шеснаесет лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в … Повеќе

Утринава поголем број на лица опфатени со акција заради криумчарење на мигранти и разбојништво

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со преистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од  утринава спроведува голема оперативна акција под називот „Којот” Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува … Повеќе

Одобрен обвинителниот акт за починатата родилка и новороденчето од Гевгелија

По поднесен  обвинителен акт од Основното јавно обвинителство – Велес,  Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е одобрен Обвинителниот акт поднесен против тројца лекари  – еден анестезиолог и двајца гинеколози. Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ … Повеќе

Поднесено обвинение против З.Б. за Злосторничко здружување, Шпионажа и Уцена

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против лицето З.Б., па по сеопфтно разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: Злосторничко … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гевгелија го истражува нападот извршен врз жена во црква

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.30 часот, жена на возраст од 64 години,  која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот  започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Надлежен … Повеќе

Четворица опфатени со Наредба за спроведување истрага во акцијата "Лотос"

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничени се лицата  Б.Х. … Повеќе

Изречена осуда за обвинетите во предметот „Чекан“

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за обвинетите за сторените кривични дела  Лихварство и Изнуда од Кривичниот законик. Вкупно на обвинетите им е изречена затворска казна од … Повеќе

Предложен притвор за четири лица – поранешни припадници на ИСИС

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – Терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик. Во денешната акција, спроведена во раните утрински часови, уапсени се … Повеќе

Притвор за две лица – организатори на мрежа за препродавање на наркотична дрога марихуана

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од … Повеќе