Односи со Јавноста

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага за пукањето на Клиниката за абдоминална хирургија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за две лица кои учествувале во вчерашниот инцидент на Клиниката за абдоминална хирургија во Скопје. Лицата се под истрага за неколку кривични дела: Убиство од чл. 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, Недозволено изработување, држење и тргување со оружје … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струмица работи на расветлување на случајот со пронајденото тело во Радовиш

По претходна пријава од дежурната служба на СВР Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотно тело на 26 годишен маж. По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според … Повеќе

Поднесен е обвинителен акт против дадилката од Ѓорче Петров поради запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 од Кривичниот законик. Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против едно лице ангажирано како дадилка од страна на родителите … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за осомничените за случувањата од мај годинава во кумановско Диво Насеље

Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица. Обвинетите се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово ќе ги истражува случувањата во тетовски Дреновец

По добиената кривична пријава за вооружената престрелка во тетовската населба Дреновец, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Во кривично правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи кои со пиштоли и ножеви се обиделе … Повеќе

Поднесено обвинение за сообраќајната несреќа кај Универзална сала

Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе обвинителен акт против едно лице, Љ.В. роден 1989 година, како сторител на сообраќајната несреќа која се случи на 3.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со ул.„Костурски Херои“ во Скопје, во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка. Осомничениот од страна на обвинителството се товари … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони уште 3 лица за случувањата во кумановско „Диво Насеље“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ја прошири истрагата за настаните во „Диво Насеље“. Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште три македонски државјани, за кои постои сомнение … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес продолжува со сослушување на медицинскиот персонал од ЈЗУ Општа болница Гевгелија

По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство – Велес започна предистражна постапка. Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави Наредба за судско-медицински преглед … Повеќе

Поднесен Предлог за определување на мерки на претпазливост за возачот на камионот

По добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денес надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело од чл. 146 ст.1 точка 1,2,3 и 7 од Законот за кривична постапка. Судијата на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост. Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.

Повеќе

Основното јавно обвинителство – Битола гони шеесетгодишен маж за полов напад врз три деца кои не наполниле 14 години

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, шеесетгодишен битолчанец, кој сторил три продолжени кривични дела -Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл. 188 ст.1 в.в. чл.45 од КЗ. Осомничениот во временскиот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар го истражува убиството во с. Врапчиште

Настанот се случил на 19.10.2015 година во вечерните часови кога осомничениот роден 1966 год од с.Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи и удар со секира во вратот ја убил својата сопруга родена 1971 година. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа во с.Врапчиште. Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, … Повеќе

Регионална конференција на јавните обвинители од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Србија и Албанија

Улогата на јавниот обвинител во второстепената постапка во мешани кривично правни системи беше тема на која дискутираа јавните обвинители од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Србија и Албанија на Регионалната конференција што се одржа во Скопје на 15 и 16 октомври.

Во организација на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – Отсек за владеење на правото, конференцијата имаше за цел унапредување на кривичната постапка во делот на поголема гаранција и заштита на правата на поединецот во жалбената постапка, која како коректив важи за основен механизам за владеење на правото.

Меѓународниот настан го отворија г. Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Република Македонија и Амбасадорката Мариане Берец, Заменик шеф на Mисијата на ОБСЕ во Скопје. Присутните ги поздрави и г-ѓа Спасенка Андонова, претседател на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија.

IMG_7585

Повеќе

Проширена истрагата за кумановското „Диво Насеље“ за уште седум лица

Врз основа на анализа од досега прибавените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште седум македонски државјани. Осомничените, кои се теретат за … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека во тек на вчерашниот ден, по барање на поголем број на јавни обвинители беше одржан заеднички колегиум на јавните обвинителства на кој присуствуваа раководителите на Вишите и Основните јавни обвинителства од државата. Барањето за одржување на заеднички состанок произлезе по револтираноста која се јави меѓу редовите на јавното обвинителство … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува против 12 лица приведени во денешната акција

Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава. Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлaстување кој ги сторил вршејќи висока функција во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвининие за сообраќајната несреќа кај Наплатната станица Градско

Основното јавно обвинителство – Велес ја заврши истражната постапка за трагичната сообраќајна незгода што се случи во мај годинава и до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици. Истрагата и сообраќајното вештачење покажале дека … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје даде позитивно мислење за повторување на постапката, по барање на обвинетиот Хаџиски

Барањето за повторување на постапката обвинетиот го има доставено во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде на ден 21.09.2015 е доставено  Барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје. Обвинителот кој постапува во предметот,  на 22. 09. 2015 година достави позитивно мислење по барањето, односно се согласи со предлогот за повторување на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Штип го истражува настанот во кои по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вчера вечерта при вршење на службени дејствија  со пиштол лиши од живот едно лице.  Според првичните сознанија, полицаецот при вршење на службени дејствија, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за запуштање и малтретирање на дете

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка  против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете. Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје ги истражува причините за смртта на двете машки лица пронајдени вчера во близина на Драчево

Вчера околу 19.00 од случаен минувач, сопственик на лозје , на патот Драчево – с. Количани, кај место викано Локва,  во возило марка „Ровер“ со охридски регистарски таблици, биле пронајдени две мртви лица од машки пол. Лицата кои биле пронајдени на возачкото и совозачкото седиште се со се уште неутврден идентитет. Во возилото, до едно од лицата … Повеќе