Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска во Тирана оствари средба со Главниот обвинител на Албанија г. Адриатик Лала, на која стана збор за проширување на натамошната соработка, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат обвинителствата во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Обвинителен предлог за несреќата во „Балкан гасови ДОО“ од Богданци
По комплетирањето на доказите за несреќата што се случи во февруари минатата година во Друштвото за производство, услуги и трговија „Балкан гасови ДОО“ во Богданци, Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд во Гевгелија поднесе Обвинителен предлог против три физички лица и едно правно лице. Лицата се товарат дека сториле кривични дела – … Повеќе