Соопштение
Јавниот обвинител на Република Македонија денеска оствари предновогодишна средба со јавните обвинители на основните и вишите јавните обвинителства во Република Македонија. На средбата беа поканети и поранешни јавни обвинители и претставници на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Неформалната средба беше можност обвинителите да разменат мислења за актуелни прашања кои го засегаат обвинителското работење.