Основното јавно обвинителство – Прилеп денес од страна на Министерството за внатрешни работи – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал прими Кривична пријава против девет лица, од кои петмина се судии од Основниот суд – Прилеп, а четворица се доктори од областа на психијатријата. Осомничените се товарат за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 од Кривичниот законик, дел од нив за помагање при извршување на кривично дело.
Основното јавно обвинителство Скопје ги презема сите мерки за расветлување на сообраќајната несреќа кај трговскиот центар „Зебра“
Во Основното јавно обвинителство – Скопје се преземаат истражни мерки против осомничениот триесет и седум годишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак. Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги … Повеќе