Односи со Јавноста

Пронајдена дрога и психотропни супстанции во продавница за домашни миленици во Скопје, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден … Повеќе

Поведена постапка против малолетник за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое што со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во … Повеќе

Под истрага пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на … Повеќе

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања … Повеќе

Истрага за убиство на свиреп начин во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На 29 декември, во напуштен објект на улицата … Повеќе

Побаран притвор за дилер на марихуана од гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна посрапка против жител на гостиварското село Сенокос, кај кого полицијата при претрес пронајде наркотична дрога – марихуана. Претресот бил извршен на 18 јануари, во куќа каде осомничениот издржувал мерка куќен притвор за друг кривично правен настан. Притоа, полициските службеници најпрвин со личен преглед на осомничениот пронашле 9,59 грама … Повеќе

Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 и Противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и … Повеќе

Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, при претрес во домот на девојката на осомничениот каде … Повеќе

Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја … Повеќе

Истрага за убиство во Богомила

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да … Повеќе

Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторител

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и … Повеќе

Пронајдено починато лице во Богомила, извршен увид на лице место

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде беше пронајдено тело на починато машко лице. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки на јавниот обвинител,  подигнати се траги кои ќе бидат … Повеќе

Истрага против охриѓанец за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, … Повеќе

Скопјанец осомничен за силување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. … Повеќе

Двајца романски државјани осомничени за неовластено пренесување дрога на ГП „Деве Баир“

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишна жена и 35-годишен маж, државјани на Романија, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од … Повеќе

Кумановското обвинителство води истрага за убиство при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен маж за кого постои сомнение дека го лишил од живот неговиот 65-годишен татко, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол … Повеќе

Наредба за истрага против пет лица корисници на сексуални услуги од дете

Во рамките на истражна постапка што се спроведува против едно лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело „Трговија со дете“, по прибирање на доказен материјал, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против уште … Повеќе

Истрага против татко кој се обиде да го убие сопствениот син

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот … Повеќе

Притвор за тројца припадници на затворска полиција

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица … Повеќе

Издадени наредби за расчистување на бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во текот на ноќва и утринава издаде повеќе наредби и насоки со цел расчистување на настанот во кој при бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“ – Скопје беше повреден еден припадник на затворската полиција. По осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – … Повеќе