Односи со Јавноста

Двајца албански државјани осомничени за тешки кражби во Гостивар

Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи … Повеќе

Против вкупно пет лица поведени постапки за нарушување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и … Повеќе

Извршен претрес во неколку стана во Скопје

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на … Повеќе

Лекар осомничен за издавање лажни потврди за негативен ПЦР тест во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране осомничен дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот во два наврати месецов, ја злоупотребил својата положба како службено лице специјалист-инфектолог во ЈЗУ Општа болница „Др. Ферид … Повеќе

Турска државјанка обвинета за употреба на фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-година државјанка на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила … Повеќе

Обвинение за скопјанецот кој изврши семејно насилство врз своите родители

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 49-годишно лице кое се товари дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, обвинетиот со умисла извршил две временски … Повеќе

Кочанец обвинет за употреба на фалсификуван ПЦР тест

Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четворица кои не постапиле според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и од Судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби. Обвинетите не ја почитувале … Повеќе

Поведена постапка за тепачката во Струмица

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година. Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 , а останатите десетмина … Повеќе

Две лица осомничени дека сториле повеќе кривични дела при обид илегално да препродадат поголемо количество марихуана

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 23 и 41 година. За првиот, жител на струшкото село Ливада, постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со … Повеќе

Скопјанец телесно ги повредил сопствените родители, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за тепачката во Струмица

По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка. Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот. Обвинителството … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, … Повеќе

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 17 март, во својот дом во селото Рашче, осомничениот 34-годишник држел полуавтоматски … Повеќе

Доставен предлог за примена на санкција против дете-учесник во сообраќајна несреќа со тешки последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член … Повеќе

Обвинение за косовски државјани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на … Повеќе

Мајка осомничена за груба повреда на семејните обврски поради која настапила смрт на нејзиното дете

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, предвидено и казниво согласно член 203 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски … Повеќе

Деветмина во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време … Повеќе

Поведена постапка за фалсификување пари

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Долна Лешница за кое постои сомневање дека сторило кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 … Повеќе

Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот обвинет од засега непознато … Повеќе