Односи со Јавноста

Обвинение за силувањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против  49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал … Повеќе

Притвор заради полов напад врз деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, … Повеќе

Жител на Долнени осомничен за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на село Дебреште, општина Долнени, за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител одлучи да поведе истрага, бидејќи постои основано сомнение дека на 7 март, во атарот на … Повеќе

Поднесено обвинение за недозволено поседување дрога и муниција

По  спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа „Телеграм“. Во предметот во јавноста познат како „Јавна соба 1“, Основното јавно обвинителство Скопје на 05.02.2021 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија … Повеќе

Шест лица обвинети за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Петмина македонски и еден турски државјанин се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни … Повеќе

Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, … Повеќе

Покренато обвинение против седум лица за учество во насилна толпа

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. Сите се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 … Повеќе

Биолошките траги од возилото не се од притвореното лице, обвинителството побара да биде пуштено на слобода

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршена е анализа на биолошки материјал –  ДНК траги кои беа пронајдени во возилото од кое постои сомнение дека биле испукани проектили и од нив повредено лице во населбата Ѓорче Петров. Настанот се случи на 1.3.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во … Повеќе

Притвор за тројца осомничени за трговија со марихуана во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека за другите двајца за помагање при извршување на … Повеќе

Поведена постапка против уште еден учесник во протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за едно лице за кое е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на возраст од 21 година, на … Повеќе

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик. На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата … Повеќе

Скопјанец обвинет за кражба на паричник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за кривично дело – Кражба според член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 3 март, на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков“ одзел паричник од ташната на една оштетена. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна … Повеќе

Жител на Брвеница осомничен за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член … Повеќе

Истрага против дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претресот во домот на осомничениот 23-годишник на улица „Саса“, полицијата пронашла психотропна супстанција – 70 … Повеќе

ОЈО Скопје постапува за расчистување на пукањето во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило Голф 5 без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил Мерцедес со скопски регистарски таблици, управувано од лице од … Повеќе

Тројца турски државјани обвинети за прикажување фалсификувани ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот зaконик. На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за … Повеќе

Побаран притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во предметот „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица за кои е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца на возраст од … Повеќе

Обвинети шест лица, прикажале фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус

Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. При излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале … Повеќе

Уважена е жалбата на обвинителството за одлагање на почеток на издржување казна затвор

Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското обвинителство изјавена против решение на судија за извршување на кривични санкции донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор. Имено, обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе Жалба на 22 … Повеќе