Односи со Јавноста

Обвинение за поседување на речиси 20 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43 – годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и … Повеќе

Притвор за лице кое опожари возило во Берово

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против беровец, за кој постои основано сомневање дека го сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го … Повеќе

Жител на Свети Николе осомничен за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1  точка 3 од Кривичниот законик и еден обид за тешка кражба. На 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда,  на дрзок начин одзел … Повеќе

Шеесетгодишник осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 36 лица, од кои петмина се товарат за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите 31 за поттикнување при извршувањето на тоа кривично … Повеќе

Велешанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го … Повеќе

Едно лице осомничено за недозволено поседување дрога и муниција

Против 21-годишен жител на Арачиново Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик. При … Повеќе

Истрага за запален автомобил во Сарај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 в.в со чл.288 ст.1 од Кривичниот законик. На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот … Повеќе

Истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик. Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 … Повеќе

Уважена жалбата на ОЈО Скопје во врска со условната осуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Јавното обвинителство денеска ја прими пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се уважува жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во поглед на кривичната санкција изречена со првостепената пресуда во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на 12.10.2018 година кај Млечен ресторан. Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола го расчистува случајот со медицинската интервенција во Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција. Кон предметот е припоена и кривична пријава … Повеќе

Обвинение за поседување наркотична дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член … Повеќе

Наредба за истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од … Повеќе

Обвинителен предлог за телесна повреда при семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна … Повеќе

Поднесено обвинение за скопјанецот кој ја повреди мајка си со нож

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, … Повеќе

Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава на врховна судијка против тројца членови на Судскиот совет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од судија на Врховниот суд против претседателот и два члена на Судскиот совет на РСМ за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавителката во кривичната пријава наведе … Повеќе

Притвор за дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до … Повеќе

Скопјанец осомничен за предизвикан пожар врз автомобил и поседување оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или … Повеќе