Односи со Јавноста

Поведена истрага по откриена „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш во Скопје

Против 44-годишен скопјанец е поведена истрага поради основано сомневање дека сторил кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2023 година, во куќата каде престојувал на улицата „Анатолиј Зографски“ во населба Лисиче, тој неовластено произведувал наркотична дрога. … Повеќе

Жена осомничена за обид за убиство на поранешниот партнер при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничената 46-годишна скопјанка, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши … Повеќе

Соопштение

Со оглед на тоа што надвор од досегашната вообичаена пракса, Министерството за правда одлучи, без да ги достави до обвинителството, јавно да ги објави своите поединечни забелешки за Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2022 година, иако овој извештај врз основа на член 55 став 2 од Законот за јавното обвинителство се доставува … Повеќе

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија ја зајакнуваат соработката и координацијата при постапувањето по ревизорските извештаи

Претставници на јавните обвинителства во државава и на Државниот завод за ревизија одржаа заедничка работилница во Скопје во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување по ревизорските извештаи. “Соработката мора да ни биде силна, затоа што целите ни се заеднички. А тие заеднички цели се – вистината и борбата против корупцијата. … Повеќе

Притвори за дилери на дрога во Тетово и Гевгелија

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како … Повеќе

Истрага за убиство при семејно насилство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, на 7 ноември, осомничениот го лишил од живот сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и … Повеќе

Еден осомничен за загрозување на сигурноста, предложени мерки на претпазливост

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на повеќе службени лица, вработени во … Повеќе

Два пати ограбил иста обложувалница, скопјанец осомничен за разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Разбојништво според член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил … Повеќе

Поднесено обвинение за насилство врз телевизиска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство … Повеќе

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на неколку лица во Демир Хисар

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 50-годишен жител на Демир Хисар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 31 октомври, во два одделни инциденти, осомничениот директно се … Повеќе

Маж и жена од Гевгелија осомничени за разбојништво

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од … Повеќе

Скопјанец произведувал марихуана, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул. “Влае”, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во … Повеќе

Обраќање на Јавниот обвинител на РСМ Јовески на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“

Почитувани пратеници, Ова е поканата со која сум повикан денеска да дојдам тука, на седницата на Анкетната комисија. За јавноста да знае, тука пишува – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е повикан на седницава “во својство на сведок и/или експерт” за случајот “Онкологија”.Еве и местото на кое сега седам е определено за сведок или … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство има обврска да ја извести јавноста дека информациите изнесени  денеска во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста. Основното јавно обвинителство Скопје во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија со барање од 13.09.2023 веднаш ги обезбеди сите … Повеќе

Притвор за уште едно лице од предметот „Синџир“

Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, … Повеќе

Реакција

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро реагира на наводите изнесени во прилогот ТВ Телма под наслов „„Синџирот“ врза ситен дивеч, крупните „ѕверки“ во бегство“ потпишан од новинарот Срѓан Стојанчов. Со невистинити и непроверени информации содржани во овој прилог е доведен во прашање интегритетот и легитимитетот на обвинителството и Управата за … Повеќе

Почина уште едно лице по семејно труење во Скопје, издадена наредба за обдукција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на … Повеќе

Притвор за вработен во шумската полиција осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да … Повеќе

Со „Синџир“ опфатени 26 физички и 28 правни лица

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување … Повеќе

Мароканец осомничен за напад врз полициски службеник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Мароко, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 од Кривичниот законик. На 28 октомври, осомничениот нападнал полициски службеник кој постапувал по наредба за вршење … Повеќе