Односи со Јавноста

Извршен увид од јавен обвинител за хеликоптерската несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на Меѓународниот аеродром Скопје, каде околу 11:30 часот се преврте хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. При увидот на лице место, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, беа обезбедени трагите од хеликоптерската несреќа. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се видео … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица предложи парични казни за 25 обвинети лица

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 25 лица и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни … Повеќе

Струшкото обвинителство обвини девет физички и едно правно лице за непостапување по здравствени прописи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 8 физички лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно тие биле затекнати надвор од нивните домови за време кога во … Повеќе

Дебарското обвинителство побара парични казни за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои не го почитувале полицискиот час. Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои … Повеќе

Побарани казни за 23 лица од Тетово заради непочитување на полицискиот час

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката … Повеќе

За непочитување на полицискиот час обвинети 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час … Повеќе

Парична казна за четворица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.  За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина … Повеќе

Седуммина обвинети за непостапување според здравствени прописи во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за седум лица, за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел … Повеќе

Жител на Арачиново осомничен дека ја убил сопругата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 29 април, во семејниот … Повеќе

Тетовското обвинителство обвини четири лица за непостапување според здравствените прописи

Обвинетите се движеле пеш или со возила низ градот,  во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За  обвинетите, Основното јавно … Повеќе

Скопското обвинителство побара парични казни за 63 лица заради непочитување на здравствените прописи

Вкупно 63 лица се опфатени со 52 предлози за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје денеска ги поднесе до Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетите не го почитувале полицискиот час, па спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како без дозвола се движат … Повеќе

Двајца гостиварци го прекршиле полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле низ Гостивар. Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му … Повеќе

Во Делчево 10 лица го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе  предлози за издавање казнени налози со кои опфати десетмина обвинети. Сите обвинети во одделни кривично правни настани не ги почитувале здравствените прописи за сузбивање на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тие пеш или со возила се движеле низ Делчево и околината за време на … Повеќе

Штипското обвинителство обвини 6 лица кои не го почитувале полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија … Повеќе

Парична казна за тројца кумановци

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно на сила биле … Повеќе

Парични казни за 26 обвинети лица во Струмица

Обвинетите во периодот од 24 март до 8 април, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана … Повеќе

Со едрилица и пеш се движеле спротивно на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. … Повеќе

Две лица обвинети за прекршување на полицискиот час во Битола

Против две лица Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 27 април постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија … Повеќе

Осуммина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна … Повеќе

Обвинети 25 лица во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп  поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе  предлози  за издавање казнени налози до Основните судови во … Повеќе