Односи со Јавноста

Предложена казна заради непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги … Повеќе

Парична казна за лице кое управувало со возило за време на забрана за движење

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење. Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и … Повеќе

Побарана парична казна за жител на Арачиново кој не ја почитувал задолжителната самоизолација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против жител на Арачиново кој се товари за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, при влез на граничниот премин Табановце на 17 март, … Повеќе

Постапка за три лица кои не се придржувале на забраната за движење во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите на 23 март  во 21.30 часот, а третиот во 22.05 часот,  за време на епидемијата на опасна … Повеќе

Казнени налози за три лица од Куманово

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд во Куманово достави предлози за издавање на казнен налог за три лица што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање … Повеќе

Поведена постапка за непочитување на здравствените прописи во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години … Повеќе

Охриѓанец не го почитувал задолжителниот здравствен надзор и должноста за самоизолација

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 61 година, жител на Охрид кој го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот на 19 март му била издадено решение од Министерството за … Повеќе

Штипјанец обвинет за непостапување по здравствените прописи

Обвинетиот на 17 март влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје во Република Северна Македонија од Кралството Шпанија при што со писмена наредба бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во … Повеќе

Во Кочани парична казна за обвинет кој не постапувал според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе Предлог за издавање казнен налог за лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на … Повеќе

Побарани парични казни заради непочитување на здравствените прописи во Трубарево и во Петровец

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесени кривични пријави, до Основниот кривичен суд Скопје достави четири предлози за издавање казнен налог против лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Четворицата обвинети, од кои тројца жители на Трубарево и еден на … Повеќе

Кривично-правна одговорност за непочитување на полицискиот час

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска. Од … Повеќе

Побарана парична казна за жител на Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од … Повеќе

Кичевец обвинет за непостапување по здравствените прописи

Обвинетиот на 15 март влегол во Република Северна Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом. Со тоа, лицето го сторило … Повеќе

Побарана парична казна за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три  лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID … Повеќе

Предлог за издавање на казнен налог во Охрид

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид достави Предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Р.Швајцарија. Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Побарана парична казна за лекар кој не ги почитувал здравствените прописи во Кавадарци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал … Повеќе

Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 … Повеќе

Обвинети две лица од Ресен за непочитување на мерките за спречување и сузбивање на​ коронавирусот

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по поднесените кривични пријави против две лица од страна на Министерството за внатрешни работи,  достави Предлози за издавање на казнен налог за двете лица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 … Повеќе

Предлог за казнен налог заради непочитување на здравствените прописи во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање на казнен налог против едно лице заради кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 36-годишен жител на струшкото село Драслајца, на 16 март со камион пристигнал на граничниот премин Табановце … Повеќе

Казнен налог за едно лице од Кочани

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани до Основниот суд во Кочани достави Предлог за издавање на казнен налог против едно лице кое сторило кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17.03.2020 година по четиридневен престој во Шведска – земја … Повеќе