Односи со Јавноста

Казнен налог за двајца сопственици на локали во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по денес примената кривична пријава до Основниот суд во Дебар достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од … Повеќе

Парични казни за четворица прилепчани поради непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање казнен налог за четири лица, жители на Прилеп. Секој од нив во одделни случаи го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите  обвинети кои во државата дошле од различни држави, при … Повеќе

Уште едно лице во Куманово обвинето за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во … Повеќе

Изречена глоба за непочитување на здравствените прописи во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе … Повеќе

Петмина обвинети за непостапување според здравствените прописи во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог за пет лица, членови на семејство, кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетите им била определена мерка за  спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по … Повеќе

Предложени парични казни за седум лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци кои во одделни случаи го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За време на пандемија, епидемија од глобални размери определена со одлука на Генералниот секретар … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Гостивар во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 58 -годишен жител на с. Добридол,   обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17. март послужувал гости седнати на маси … Повеќе

Парична казна за две лица од Валандово за непостапување според прописите за време на пандемија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело Непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик. Во предлогот обвинителството бара лицата да се огласат за виновни … Повеќе

Обвинение за две струмичанки кои не ги почитувале мерките за заштита од заразни болести

Одновното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од  56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетите вo Струмица на 27 … Повеќе

Тројца руски државјани обвинети за обид да ограбат банкомат во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица, државјани на Руската Федерација, за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 и член 22 на Кривичниот законик. Обвинетите, по претходен договор, на 14 март се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети – пари, така … Повеќе

Побарана парична казна за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект,  обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса … Повеќе

Обвинение поради уцена

Денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години која се товари за сторено кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 15 јануари до 11 март, обвинетата со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи во Дебриште

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки … Повеќе

Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на … Повеќе

Обвинение за прилепчани кои краделе во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе  Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани  на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера … Повеќе

Истрага за разбојништо

Осовното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 29-годишен жител на Струга, поради основано сомнение дека извршил кривично дело- Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со црна капа која му го покривала ликот, на 16.11.2019 година околу 11.40 часот, со намера противправно да … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство, на 14.3.2020 година,  донесе Задолжително упатство. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст:   ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната несреќа во Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Попладнево околу 12.45 часот на крстосница во Кавадарци се судриле мотор „Јамаха“  и  џип „Форд“ со битолски регистарски ознаки. … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство на 13.03.2020 година  донесе Задолжително упатство за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар … Повеќе

Постапка за разбојничка кражба

Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе  Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, околу 10.00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно … Повеќе