Односи со Јавноста

Обвинение за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, кој го товари дека сторил кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд … Повеќе

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 10.03.2020 година во домот на осомничениот во населбата Илинден, … Повеќе

Истрага за три лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

По повеќедневни активности и насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската  управа спроведоа акција во која во бункери на возило е пронајдена наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 4.951,7 грама, а две лица … Повеќе

Поведена постапка за измамени странски државјани и правни лица

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица, жители на Ресен, поради сомнение дека како соизвршители, со временски поврзани дејствија сториле продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1, во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. По проверка на наводите од поднесените кривични пријави, … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело  – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, … Повеќе

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против … Повеќе

Обвинителен предлог за криумчарење на 40 мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.02.2020 година на  претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици  претседатели  и  членови на Избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле … Повеќе

Обвинение за убиство во обид

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба во автобус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 59 години за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна … Повеќе

Притвор за полов напад врз дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено  кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето.  Откако детето на возраст од 12 … Повеќе

Поведена постапка за скопјанец кој произведувал и продавал марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за 27-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Дрогата била пронајдена од полициски службеници кои на автобуска постојка во Хиподром извршиле личен претрес на осомничениот … Повеќе

Едно лице под истрага за убиство и за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции … Повеќе

Обвинение за поседување пиштол и муниција без дозвола

По спроведна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено … Повеќе

Предадени во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија.

Информации за настанот

Фотогалерија

Предадени во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија. Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд … Повеќе

Спречен обид за учество во странска војска

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик. На почеток на … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за паднатата фасада на АД „МЕПСО“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за  падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција … Повеќе