Соопштенија

Едно лице под истрага за убиството во скопската населба Даме Груев

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Како што укажуваат досега прибавените докази во постапката, осомничениот, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. … ПовеќеЕдно лице под истрага за убиството во скопската населба Даме Груев

Основното јавно обвинителство Скопје гони едно лице за две разбојништва

Осомничениот првото разбојништво го сторил на 4 декември годинава  во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Бул. Митрополит Теодосиј Гологонав во Скопје. Тој околу 18.45 часот влегол во аптеката со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Скопје гони едно лице за две разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје ги истражува причините за смртта на пронајденото лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице. Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за прибирање на сите траги пронајдени на лице место и нивно вештачење, а телото на починатиот беше предадено на обдукција. До телото на починатиот … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Скопје ги истражува причините за смртта на пронајденото лице

Извршен увид во семејна куќа во Прилеп каде синоќа жена беше лишена од живот

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното … ПовеќеИзвршен увид во семејна куќа во Прилеп каде синоќа жена беше лишена од живот

Надлежен обвинител ја истражува сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – … ПовеќеНадлежен обвинител ја истражува сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

СООПШТЕНИЕ

Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по 3 барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Соопштение

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно … ПовеќеСоопштение

Доставен предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од … ПовеќеДоставен предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Поднесено обвинение за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против седум македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно … ПовеќеПоднесено обвинение за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Обвинителен акт за двајца македонски државјани за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори

По спроведената истрага против четири лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против двајца македонски државјани за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во исто … ПовеќеОбвинителен акт за двајца македонски државјани за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори

Отфрлена кривична пријава за новинар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на писменото известување – кривичната пријава поднесена против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член  144 став 4 во врска со став 1, Убиство на претставници од највисоките државни органи од член 309, Повикување на насилна промена на … ПовеќеОтфрлена кривична пријава за новинар

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Македонија денеска оствари предновогодишна средба со јавните обвинители на основните и вишите јавните обвинителства во Република Македонија. На средбата беа поканети и поранешни јавни обвинители и претставници на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Неформалната средба беше можност обвинителите да разменат мислења за актуелни прашања кои го засегаат обвинителското работење.

Извршен е увид на местото каде вчера беше стрелано во едно лице

Вчера околу 16.00 часот, на патот во с. Никуштак, кумановско пукано е од непосредна близина во едно лице кое и покрај обидот, не е повредено. Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со … ПовеќеИзвршен е увид на местото каде вчера беше стрелано во едно лице

Поднесено обвинение за лице кое остварило профит преку дејност од здружение

Од страна на Основното јавно обвинителство Прилеп поднесен е Обвинителен предлог против одговорното лице на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“ – Прилеп поради сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 и во врска со став 1 од Кривичниот … ПовеќеПоднесено обвинение за лице кое остварило профит преку дејност од здружение

Извршен е увид на лице место во златарата во Прилеп каде се случи разбојништво

Утринава во дуќан – златара во старата чаршија во Прилеп извршено е разбојништво од три засега непознати лица. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата по што започнала да го вади накитот од сефот. Во тој момент, две лица го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли … ПовеќеИзвршен е увид на лице место во златарата во Прилеп каде се случи разбојништво

Татко и два сина обвинети за напад врз полициски службеници во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст. 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетите татко и неговите два сина, на 15.09.2018 година, на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно ги нападнале … ПовеќеТатко и два сина обвинети за напад врз полициски службеници во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за разбојништвото во поштата во Прилеп

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице од Прилеп, на возраст од 35 години, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело Разбојништо од  член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик Осомничениот на ден 13.12.2018 година, во претпладневните часови со … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за разбојништвото во поштата во Прилеп

Основното јавно обвинителство Струга гони три лица за трговија со дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на ден … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Струга гони три лица за трговија со дрога

Три лица под истрага, едно во бегство за пукањето во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од чл.386  ст.6  во врска со ст.3 и во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Тројцата се осомничени дека на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство … ПовеќеТри лица под истрага, едно во бегство за пукањето во Чаир

Обвинителството на Кнежевството Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија. На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството … ПовеќеОбвинителството на Кнежевството Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција