Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика

Во врска со кривичната пријава поднесена против непознат сторител за кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство … Повеќе

Изјава на Јавниот обвинител на Република Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија на проширен колегиум со вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства Скопје, Гостивар, Штип и Битола и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 7.2.2019 година заради законито постапување на обвинителството и нарушувањето на принципот на легалитет на кривичното гонење го разгледаа начелното … Повеќе

Побаран притвор за лице осомничено за неовластена продажба на дрога

Основното  јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал осомничениот, … Повеќе

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска се сретна со амбасадорката Рејчел Галовеј

Денеска во просториите на Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основната јавна обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Нејзината екселенција – амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија – Рејчел Галовеј. Покрај искреното добредојде, обвинителката Русковска ја запозна амбасадорката со надлежностите на обвинителството со кое раководи … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Македонија денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и  вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца малолетни и пет полнолетни осомничени за насилство во Драчево

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата за деца при Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Барање за поведување на подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон постари од 16 години. За децата на возраст од 17 години постои основано сомнение дека извршиле дејствие што со закон е определено како … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски. Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална … Повеќе

Истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при издавање под закуп на земјоделско земјиште

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека во својство на … Повеќе

Притвор за двајца вработени во МВР за настанот во Шуто Оризари

Постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. За лицата, инаку вработени во МВР, кои во моментот на инцидентот не биле … Повеќе

Започната истрага против две лица осомничени за разбојништво

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 23.01.2019 година двајцата влегле во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева, Јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На состанокот стана збор за Начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за неовластено поседување марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – … Повеќе

Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица  за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на 28.01.2019 година, во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас во врска со МРП-вакцините

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година. Притоа, обвинителството ќе проверува дали постоеле неправилности при увозот на вакцините, нивниот рок на употреба, како и евентуално предизвикани штетни последици. Со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гевгелија истражува тешка кражба во винарска визба

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против шест лица, од кои за двајца за сторено кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од КЗ, а за четворица за кривично дело Прикривање од член 261 од Кривичниот законик. Во текот на постапката утврдено е дека четири лица, … Повеќе

Наредена истрага за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената во текот на месецов неовластено заради продажба од … Повеќе

Поднесено обвинение за повеќекратно разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за продолжено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје го истражува пукањето во Маџари

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно 26-годишно лице кое се товари дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или … Повеќе