Соопштенија

Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, при претрес во домот на девојката на осомничениот каде … Повеќе

Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја … Повеќе

Истрага за убиство во Богомила

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да … Повеќе

Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторител

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и … Повеќе

Пронајдено починато лице во Богомила, извршен увид на лице место

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде беше пронајдено тело на починато машко лице. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки на јавниот обвинител,  подигнати се траги кои ќе бидат … Повеќе

Истрага против охриѓанец за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, … Повеќе

Скопјанец осомничен за силување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. … Повеќе

Двајца романски државјани осомничени за неовластено пренесување дрога на ГП „Деве Баир“

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишна жена и 35-годишен маж, државјани на Романија, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од … Повеќе

Кумановското обвинителство води истрага за убиство при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен маж за кого постои сомнение дека го лишил од живот неговиот 65-годишен татко, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол … Повеќе

Наредба за истрага против пет лица корисници на сексуални услуги од дете

Во рамките на истражна постапка што се спроведува против едно лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело „Трговија со дете“, по прибирање на доказен материјал, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против уште … Повеќе

Истрага против татко кој се обиде да го убие сопствениот син

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот … Повеќе

Притвор за тројца припадници на затворска полиција

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица … Повеќе

Издадени наредби за расчистување на бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во текот на ноќва и утринава издаде повеќе наредби и насоки со цел расчистување на настанот во кој при бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“ – Скопје беше повреден еден припадник на затворската полиција. По осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – … Повеќе

Истрага за двојно убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, … Повеќе

Извршен увид на лице место – две жени лишени од живот во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на … Повеќе

Поднесено обвинение за измама во приватна здравствена установа

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, … Повеќе

Рачна бомба пронајдена во тетовско село, едно лице под истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен жител на тетовското село Долно Палчиште, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 од Кривичниот законик. Во неговата семејна куќа тој држел боева рачна … Повеќе

Тетовец осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле … Повеќе

Арачиновец осомничен за грабнување во липковско

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго за сега непознато лице, сторил кривично дело  – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 7 декември, од семејна куќа … Повеќе

Истрага за изнуда во Скопје, предложен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 36 и 34 години, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело –  Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени заедно, со употреба на сила и сериозна … Повеќе