Соопштенија

Поднесено обвинение за 13 лица во предметот кој во јавноста е познат под називот – Моќник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница. По предметот, во јавноста познат како Моќник, пред неговото превземање од Основното јавно … Повеќе

Обвинение за разбојничка кражба во угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на возраст од 35 години, жител на Скопје, коe го товари за сторено кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот кривичното дело го извршил на 29 јули,  во угостителски објект на улица „С. Георг – Шнајдерот“, кога затечен во … Повеќе

Отворена истрага за скопјанец кој без дозвола поседувал оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Пронаоѓањето на оружјето следело откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и … Повеќе

Прилепското обвинителство побара притвор за лице кај кое е пронајдена дрога

По поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска е поведена постапка против жител на Прилеп, на возраст од 36 години, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. При извршен претрес во домот на осомничениот во Прилеп,  на … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во банка во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 51-годишен жител на Крушево, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15,00 часот, со намера противправно да присвои туѓи … Повеќе

Извршен увид на местото каде загина работник во Кривогаштани

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загуби животот. Работникот, на возраст од 63 … Повеќе

Двајца битолчани обвинети за дистрибуција на детска порнографија

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот се товари за продолжено кривично дело – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 став 2 од Кривичниот законик, … Повеќе

Скопјанец обвинет за непочитување на здравствените мерки при организација на фудбалски турнир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – … Повеќе

Вкупно 22 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана на одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор од … Повеќе

Еден обвинет за недозволено поседување оружје во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Имено,  нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил марка Фолксваген голф 5, обвинетиот … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршување на истражната постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал … Повеќе

Еден осомничен за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице од село Дебреште, осомничено за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од почетокот на месец април 2020 година до 20.07.2020 … Повеќе

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: … Повеќе

Поведена истрага за родосквернавење и обљуба на немоќно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела – Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба … Повеќе

Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил … Повеќе

Поднесено обвинение за подмолно убиство во Струмица

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, со пресуда на Основниот суд Струмица од 06.02.2020 година веќе е осуден за уште едно такво кривично дело, при што му … Повеќе

Обвинение за предизвикување општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 24 јуни, со  оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, обвинетиот … Повеќе

Соопштение

Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во постапувањето на јавниот обвинител, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба од угостителски објект

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик донесе денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Осомничениот 36-годишник, на 29 јули, затечен во кражба во угостителски објект на улица „Славе Георгиевски – Шнајдер“, употребил сила и нападнал врз телото на … Повеќе

Еден осомничен за пукањето на „Пластичарска“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело -Тешки дела против општата сигурност предвидено и казниво по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување … Повеќе