Соопштенија

Обвинети се три лица во Битола бидејќи не го почитувале полицискиот час

Обвинетите на 13.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино … Повеќе

Беровското обвинителство обвини шест лица за непостапување според здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Берово до Основен суд Берово поднесе три предлози за издавање казнен налог против вкупно шест лица за три одделни кривично правни настани за прекршување на забраната за движење на 10 и 11 април 2020 година. Обвинетите за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19 не постапиле според прописите и наредбите со … Повеќе

Во Тетово две лица обвинети за непочитување на полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети, во одвоени случаи на 12 и 13 април, биле затекнати како се движат во градот … Повеќе

Предложен казнен налог заради непочитување на полицискиот час во Велешта

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 29 март, во време на забрана за движење на населението воспоставена со Одлука на Владата, управувал со автомобил во … Повеќе

Двајца жители на Крива Паланка обвинети за непочитување на полицискиот час

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Крива Паланка поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 11 април, обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за измама

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека другото лице е обвинето за … Повеќе

Побарани казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на … Повеќе

Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен пртедлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил … Повеќе

Истрага за убиство во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишник, на 12 април околу 23 часот, при вршење семејно насилство во семејниот дом, го лишил од живот сопствениот татко. Имено, по … Повеќе

Побарани се парични казни за седум лица во Гостивар

Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ … Повеќе

Битолското обвинителство обвини две лица за извршена изнуда

Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019 заедно договорени, како соизвршители,  со намера за себе да прибават противправна имотна корист,  сториле по едно кривично дело „Изнуда“ од член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. … Повеќе

За вкупно 12 прекршители на полицискиот час во Тетово побарани парични казни

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се … Повеќе

Во Битола денеска обвинети уште 16 лица кои не го пoчитувале полицискиот час за време на викендот

Денеска Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд  Битола поднесе 12 предлози за издавање на казнени налози против вкупно 16 лица , сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не се придржувале кон мерките за забрана за движење на … Повеќе

Гевгелиското обвинителство побара парични казни за дванаесет лица

Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ … Повеќе

Поведени постапки за непочитување на полицискиот час во Берово

Основното јавно обвинителство Берово денеска до Основниот суд Берово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во три одделни настани, на 8 и 9 април, не ја почитувале Одлуката за забрана и … Повеќе

Побарани казни за 17 прекршители на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во периодот од 10 до 12 април, за време на пандемија на опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите … Повеќе

Тринаесет лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна … Повеќе

Штипјанец ја прекршил задолжителната изолација, побарана казна

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника Жан Митрев дека неговиот резултат од испитувањето на COVID-19 е позитивен, при … Повеќе

Струмичкото обвинителство обвини 69 лица

Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 69 лица кои во одделни кривично правни настани го извршиле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Седуммина од обвинетите не се придржувале на мерките за задолжителна самоизолација. За време на пандемија … Повеќе

За вкупно 24 прекршители на полицискиот час во Прилеп побарани парични казни

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 24 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се … Повеќе