Роден 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1940 година.
Во периодот 1945/6 бил Окружен јавен обвинител за тетовскиот округ, по што бил назначен за Окружен јавен обвинител штипскиот округ, а подоцна за скопскиот. Функцијата Помошник јавен обвинител ја извршува од 1947-1951 година. За Јавен обвинител на Народна Република Македонија е именуван 1951 година.
Подоцна, бил назначен за секретар на Правосудството на Македонија (1954), бил судија на Врховниот суд на Македонија (1958), судија на Врховниот суд на Југославија (1967) и судија на Уставниот суд на Југославија(1971-1979).