Роден е 1920 година во Неготино. Дипломирал и докторирал на Правниот факултет во Белград.
Во неговото богато работно искуство се вбројуваат следните работни задачи што ги извршувал: директор на подружницата „Танјуг“ за македонија, секретар на Претседателството на Народната власт, началник на Одделението за печат на Претседателството на Народната влада. Во 1945 е назначен за Народен обвинител на судот на Националната чест.
За јавен обвинител на Народна Република Македонија е именуван 1948 година, по што станува Претседател на Врховниот суд на Македонија, директор на НИП „Нова Македонија“, југословенски амбасадор во СССР и Монголија (1958-1961), во Австрија (1967-1969), во Обединетите Нации, Гвајана и Јамајка (1969-1974). Бил Заменик-министер за надворешни работи на Југославија, директор на Институтот за работничко движење, директор и главен и одговорен уредник на НИП „Борба“. Мојсов бил претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации (1977-1978), од 1980-1981 бил Претседател на Претседателството на Сојузот на комунистите на Југославија, министер за надворешни работи на СФРЈ (1982-1984) и член на Претседателството на СФРЈ (1984-1989) каде од 1987 до 1988 бил претседател.
Починал во Белград 2011 година, на 90-годишна возраст. Погребан е во Алејата на заслужните граѓани, на Новите гробишта во градот.