Љупчо Коцевски

Љупчо Коцевски

Љупчо Коцевски беше именуван за Јавен обвинител на Република Северна Македонија на 13.02.2024 година. Тој е роден на 01.08.1960 година во Тетово, а дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година. Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово, додека во обвинителството е од 05.11.2008 година, кога беше избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Во текот на обвинителската кариера, Коцевски беше член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони. На 18.01.2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во републичкото јавно обвинителство беше раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција. На 16.12.202 година Љупчо Коцевски поднесе оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија.