Роден е 1936 година во с.Галичник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1963 година.
Во периодот од 1965-1969 година извршувал функција на Општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство во Скопје, а подоцна е назначен за Заменик на окружен јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје (1970-1984), по што е именуван за Окружен јавен обвинител во Скопје. Во 1988/9 година извршува функција на Заменик на јавен обвинител во Јавното обвинителство на Социјалистичка Република Македонија, по што е именуван на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија која ја извршува до 1996 година. Во 1997 година е именуван за Заменик на јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на кривичното право.
Почина во Скопје во 2003 година.