Соопштенија

Казнен налог заради непочитување на здравствените прописи

Обвинетиот кој требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест –  COVID 19, на 26 март во 22:00 не го почитувал ниту полицискиот час, па се движел со возило низ Гостивар.

Поради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до Основен суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог со предлог на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби.