Соопштенија

Парична казна заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, жител на с. Ливада, струшко,  кое  не ги почитувало Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движел со возило низ градот.

Со овие дејствија, обвинетиот го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што обвинителството побара да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 30 евра во денарска противвредност.