Обвинение против Гостиварец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Обвинение против Гостиварец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на здравствените прописи во гостиварско

Гостиварското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Шестмина обвинети, од кои петмина од Форино и едно лице од Гостивар, не ги почитувале решенијата со кои здравствените власти им одредиле задолжителна изолација … Повеќе

Тројца обвинети за насилство во гостиварско Сенокос

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 3 јануари, во селото Сенокос, како соизвршители во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг, а во јавноста предизвикале чувство … Повеќе

Постапка против три лица во Гостивар за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите биле затекнати при непочитување на определениот полициски час како мерка за заштита од коронавирусот, односно за време на … Повеќе

Гостиварското обвинителство побара притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, 57-годишен жител на с.Здуње, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пушање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во возилото на осомничениот, на 28 април … Повеќе

Истрага за обид за силување во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа … Повеќе

Во Гостивар поднесено обвинение заради предизвикување опасност и спречување на службено лице во вршење службено дејствие

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен  предлог против две лица,  жители на с. Лакавица, на возраст од 27 и 52 години, кои вечерта на 12 септември 2020 година предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и спречиле службено лице во вршење на службени дејствија. Имено, вечерта околу 21.50 часот, службени лица, четворица полицајци, … Повеќе

Гостиварското обвинителство поднесе обвинение за напад врз службено лице

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска до надлежниот суд  поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен жител на Гостивар кој го сторил кривичното дело – Напад  врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 април 2021 година, во 17:10 часот, со употреба … Повеќе

Поведена постапка за кражба во Гостивар

Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 11 јануари, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 … Повеќе

Постапки за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 27-годишен жител на Врапчиште, на кого од 15 февруари со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна … Повеќе

Гостиварец обвинет за загрозување на животната средина

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно 52-годишно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. На 19.07.2020 година во селото Балиндол, обвинетиот на трактор со приколка натоварил поголемо количество земја, иверици и отпад, како и еден стар кревет, па … Повеќе

Двајца браќа обвинети за насилство врз жена во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. … Повеќе

Обвинение за тешката сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, српски државјанин, заради кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 13 април, како учесник во сообраќајот на … Повеќе

Постапка за телесна повреда при вршење семејно насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против 36-годишен жител на Долна Бањица за кривично дело – Телесна повреда согласно член130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, на 23.12.2020 година во вечерните часови, тој телесно ја повредил неговата сопруга. Имено, по претходна вербална расправија … Повеќе

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице. На 25 март, обвинетиот 36-годишен жител на Чаир, Скопје бил затекнат во непочитување на важечкиот полициски час. Имено, тој без да поседува … Повеќе

Гостиварка обвинета за лажно пријавување насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 22-годишна жителка на Гостивар за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело – од член 366 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Насилство од член 386 … Повеќе

​Четворица жители на Чегране обвинети за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против четири лица од Чегране, на возраст од 18-19 години кои се товарат дека извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 9 јануари, обвинетите, во група заедно со уште двајца малолетници, извршиле грубо насилство врз едно … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреба на личните податоци во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостиварподнесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица. Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно … Повеќе

Поведена постапка против српски возач на камион – учесник во тешка сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 13 април управувал … Повеќе

Поднесено обвинение за даночно затајување

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Даночно затајување според член 279 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период … Повеќе