Поведена постапка за кражба во Гостивар

Поведена постапка за кражба во Гостивар

Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 11 јануари, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 … Повеќе

Постапки за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 27-годишен жител на Врапчиште, на кого од 15 февруари со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна … Повеќе

Гостиварец обвинет за загрозување на животната средина

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно 52-годишно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. На 19.07.2020 година во селото Балиндол, обвинетиот на трактор со приколка натоварил поголемо количество земја, иверици и отпад, како и еден стар кревет, па … Повеќе

Двајца браќа обвинети за насилство врз жена во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. … Повеќе

Обвинение за тешката сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, српски државјанин, заради кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 13 април, како учесник во сообраќајот на … Повеќе

Постапка за телесна повреда при вршење семејно насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против 36-годишен жител на Долна Бањица за кривично дело – Телесна повреда согласно член130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, на 23.12.2020 година во вечерните часови, тој телесно ја повредил неговата сопруга. Имено, по претходна вербална расправија … Повеќе

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице. На 25 март, обвинетиот 36-годишен жител на Чаир, Скопје бил затекнат во непочитување на важечкиот полициски час. Имено, тој без да поседува … Повеќе

Гостиварка обвинета за лажно пријавување насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 22-годишна жителка на Гостивар за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело – од член 366 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Насилство од член 386 … Повеќе

​Четворица жители на Чегране обвинети за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против четири лица од Чегране, на возраст од 18-19 години кои се товарат дека извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 9 јануари, обвинетите, во група заедно со уште двајца малолетници, извршиле грубо насилство врз едно … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреба на личните податоци во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостиварподнесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица. Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно … Повеќе

Поведена постапка против српски возач на камион – учесник во тешка сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 13 април управувал … Повеќе

Поднесено обвинение за даночно затајување

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Даночно затајување според член 279 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период … Повеќе

Постапка за непочитување на задолжителната изолација во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација … Повеќе

Поднесено обвинение за илегална спортска обложувалница во гостиварско Добридол

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои се гонат за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 во врска со член 53 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Обвинетите, во текот на месец декември … Повеќе

Еден обвинет за кражба на 50 евра

Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране. На 07.09.2020 година, една оштетена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесите до пунктот каде што се … Повеќе

Обвинение за насилство по фудбалски натпревар во гостиварско Дебреше

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 32-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21.09.2020 година, тешко телесно повредил едно лице во селото Дебреше, вршејќи грубо насилство, а притоа … Повеќе

Обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување во гостиварската поштенска служба

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице – картист-насочувач … Повеќе

Постапки за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапки против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите, во својство на автопревозник, вработен како шофер на мини-автобус, не постапил според прописите со кои се определени мерки за спречување и … Повеќе

Двајца албански државјани осомничени за тешки кражби во Гостивар

Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи … Повеќе

Лекар осомничен за издавање лажни потврди за негативен ПЦР тест во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране осомничен дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот во два наврати месецов, ја злоупотребил својата положба како службено лице специјалист-инфектолог во ЈЗУ Општа болница „Др. Ферид … Повеќе