Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Прилеп за 2022 година
Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Прилеп – 01 дел Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Прилеп – 02 дел
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Прилеп – 01 дел Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Прилеп – 02 дел
Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 … ПовеќеИстрага против прилепски возач за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и неукажување помош на жртвата
Основното јавно обвинителство Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали … ПовеќеОформен предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со … ПовеќеИстрага за силување на малолетничка во прилепско
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за … ПовеќеИзвршен увид на опожарено возило на пратеник во Прилеп
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла … ПовеќеЖител на Прилеп осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став … ПовеќеИстрага против едно лице, пренесувал над 86 килограми марихуана по патот Прилеп-Градско
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса. Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди. Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за … ПовеќеУвид на местото на сообраќајна незгода меѓу два автобуса во Прилеп
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години … ПовеќеЧетворица осомничени за насилство во прилепската болница
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените прилепчани, на … ПовеќеНападнати полициски службеници во Прилеп, осомничени две лица
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 19 март, во … ПовеќеТатко и син осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици
По поднесена кривична пријава од страна на МВР – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен прилепчанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 17 март неовластено заради продажба … ПовеќеИстрага против дилер на марихуана во Прилеп
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 … ПовеќеПритвор за осомничена за примање поткуп во Прилеп
Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 и член 22 од Кривичниот законик. Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се … ПовеќеЧетворица осомничени за тешки кражби во прилепско
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот … ПовеќеОсомничено лице за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен прилепчанец за кого постои основано сомнение дека извршил едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и дека се обидел да изврши уште едно исто такво кривично дело. На 13 декември, … ПовеќеПрилепчанец осомничен за разбојништва во аптеки
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, кое е осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 … ПовеќеСкопјанец осомничен во Прилеп за недозволена трговија со над 45 килограми марихуана помешана со тутун
Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, испратени преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук. Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член … ПовеќеОсумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен жител на селото Дебреште, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 август, во раните утрински часови, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, осомничениот се заканил … ПовеќеЖител на Дебреште осомничен за разбојништво
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 31 година, за кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Имено, јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение … ПовеќеИстрага во Прилеп за полов напад врз дете