Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2025 година
Годишна завршна сметка за 2025 година
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
Годишна завршна сметка за 2025 година
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари … Повеќе
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава. Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река. Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од … Повеќе
По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични дела – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од септември 2023 година … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови “Брегалница“ од Штип … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје. Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото … Повеќе
Годишна завршна сметка за 2024 година: DE_Budzetski_korisnici (1)-1 BPR_Budzetski_korisnici-1 BS_Budzetski_korisnici SPD_Budzetski_korisnici (2)
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител. Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари осомничениот на другo лице му продал половина грам кокаин за 2500 денари. На 1 февруари … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства. Соочен … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. … Повеќе
Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против 33-годишен осомничен. На 1 ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. Откако со жртвата се … Повеќе
Основното јавно обвинителство Штип постапува и издава наредби и насоки за расчистување на случајот со опожарено возило на медиумски работник – уредник на локална телевизија. Наредбите се да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството … Повеќе
БИЛАНС НА СОСТОЈБА ПРИХОДИ И РАСХОДИ ПОСЕБНИ ПОДАТОЦИ СТРУКТУРА НА ПРИХОДИ
Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 1 Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 2 Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 3 Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 4
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршија увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица. Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон … Повеќе