Побаран притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач

Побаран притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен … Повеќе

За објавените снимки на Фејсбук профил ќе постапува Основното јавно обвинителство Кичево

Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување  согласно член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривична постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава против едно лице за сторени кривични дела – Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 2 во врска со став 1 и … Повеќе

Извршен е увид на местото каде две лица го загубија животот при вршење ископ

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место во општина Чаир каде напладне две лица починаа при вршење ископ. Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири … Повеќе

Отворена истрага за убиство на лице кое се водеше како исчезнато

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинитлство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега … Повеќе

Обвинителството одлучи дека нема место за кривичен прогон за неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб

Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб. Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на … Повеќе

Обвинение за противправно лишување од слобода

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени кривични дела   Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина,  при вршење семејно насилство телесно ја … Повеќе

Поднесено обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот … Повеќе

Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога – кокаин со вкупна нето … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по примено известување за неовластено снимање

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик. Според наводите во … Повеќе

Српски државјанин обвинет за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија кој се товари дека се обидел да стори кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 19 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Драчево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот. Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ … Повеќе

Една жена осомничена дека го лишила од живот својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ … Повеќе

Извршен увид во скопско Рашче каде едно лице беше лишено од живот попладнево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице. Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на … Повеќе

Вложена жалба на пресудата на Апелациониот суд во предметот за сообраќајната несреќа кај Универзална сала

Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави Жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка. Жалбата е поднесена по две … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено држење пиштол во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот жител на селото Грчец на 07.04.2019 година, на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, … Повеќе

Косовски државјанин обвинет за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, државјанин на Република Косово и без пријавено живеалиште или престојувалиште … Повеќе

Oбвинителен акт за наркотична дрога пронајдена во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана и со тоа сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23.03.2019 година обвинетиот управувал со автомобил Фоксваген Пасат … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 12.12.2018, во гардеробата на спортската сала при … Повеќе