Поведена постапка за инцидент во Чаир

Поведена постапка за инцидент во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека … Повеќе

Постапка против осомничен за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот … Повеќе

Еден осомничен за загрозување на безбедноста на сообраќајот

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела … Повеќе

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да … Повеќе

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал … Повеќе

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар … Повеќе

Тројца осомничени за обид за убиство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен … Повеќе

Шесткатница дивоградба во Чаир, поведена истрага

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата “Кемал … Повеќе

Постапка за сторител на повеќе тешки кражби во Гази Баба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик и една тешка кражба која останала во обид. Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. … Повеќе

Скопјанец осомничен за телесна повреда и неизвршување судска одлука

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45-годишен жител на Марино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 мај вечерта, при вршење семејно насилство … Повеќе

Донесено решение за отфрлање на пријава за фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела – Фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина. Пријавите се повикуваа на јавно објавени податоци според кои пријавениот при аплицирање за … Повеќе

Истрага за недозволено држење оружје и муниција во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на … Повеќе

Претставници на онколошките пациенти на средба во ОЈО Скопје

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија … Повеќе

Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”. Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на … Повеќе

Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени … Повеќе

Поднесени обвиненија за предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истрагата и до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на Клиниката се обвинети … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот “Борис Трајковски” за да одземе разновиден електричен … Повеќе

Поднесено обвинение за силување

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов … Повеќе

Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот … Повеќе