Соопштенија

Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место за железничката несреќа во која загина едно лице

Утринава се случи несреќа на железничката пруга Битола – Скопје, кога патнички  воз удри во такси возило управувано од битолчанец (56). Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.