Соопштенија

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на … Повеќе

Поведена истрага за злоупотреби на Клиниката за онкологија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица, од кои две службени лица – поранешен медицински директор на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје и поранешен организациски директор на Клиниката, како и тројца доктори – онколози. Двајцата директори како соизвршители се осомничени за кривично дело – Измама во … Повеќе

Скопјанец осомничен за убиство при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата … Повеќе

Претреси во Скопје, лишен од слобода дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на … Повеќе

Осуммина осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично … Повеќе

Поддршка од Словенија во спроведување на финансиските истраги

Со серија консултации и работилници кои се одржаа во периодот од 18 до 23 декември во Скопје и Дојран се заокружија активностите за 2023 година во рамките на проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“, кои овозможуваат размена на најдобри практики меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, взаемни обуки и јакнење на капацитетите … Повеќе

Поднесено обвинение за пукање во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член … Повеќе

Еден осомничен за грубо насилство по сообраќајна расправија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 65-годишник, на 27.12.2023 година, на булеварот „Јане Сандански“ … Повеќе

Поднесено обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од август 2020 година до април … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за противправно лишување од слобода и полов напад

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот … Повеќе

Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозволено држење оружје и насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал … Повеќе

Поведена истрага за помагање на сторител по извршено кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик. Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде … Повеќе

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член … Повеќе

ОЈО Скопје побара екстрадиција на осомничено лице од Република Турција

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител побара … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. … Повеќе

Побаран краткотраен притвор за осомничен за помагање на сторител по кривично дело

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од … Повеќе

Соопштение

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.  Во … Повеќе

Постапка против тројца полнолетни скопјани и три деца за разбојништво во Градскиот парк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво по член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка … Повеќе