Соопштенија

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Денеска под раководство на јавен обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група за криумчарење мигранти. Криминалната … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција на Р.С.Македонија и Р.Албанија

Денеска Основната јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска оствари работна средба со својот албански колега Главен специјален обвинител во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал Арбен Краја. По плодната дискусија во врска со подобрување и унапредување на билатералната соработка во борба против организираниот криминал и … Повеќе

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе од Тајван

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка и координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Истражното биро на Министерството за правда на Тајван пресече меѓународен канал за трговија со луѓе. Постапувајќи по Замолница за меѓународна правна помош од Тајван … Повеќе

Наредба за нова истражна постапка – оштетен Буџетот на државата​

Постапувајќи во предметот против четири лица за набавка на софтвер и работи за потребите на софтверот, од прибраниот доказен материјал произлезе дека тројца од веќе осомничените лица сториле уште две кривични дела за што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова Наредба за спроведување истражна постапка … Повеќе

Обвинение против шест лица за плацовите на Водно

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица. На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 … Повеќе

Обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА Проекти

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која беа вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд  Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на … Повеќе

Обвинителен акт против пет лица за злоупотреба на службената положба и овластување​

По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат дека кривичното дело  „злоупотреба на  службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик  … Повеќе

Истрага за десет лица за недозволена трговија со оружје и дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица од кои едно е полициски службеник, а едно дете во судир со законот над 16 години. Три лица се осомничени дека … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно … Повеќе

Обвинителен акт против едно лице за Злоупотреба на службената положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело

По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со … Повеќе

Под истрага четири лица за набавка на софтвер

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од месец … Повеќе

Истрага за шест лица лишени од слобода во вчерашната акција

По повеќемесечна постапка координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со асистенција на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Основното јавно … Повеќе

Одржана прес конференција за предметот „Планина“

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одржа прес-конфереција на на која ги информираше медиумите и јавноста за деталите од предметот под назив „Планина“. Почитувајќи ги протоколите за заштита од натамошно ширење на вирусот COVID-19, прес конференцијата беше реализирана на далечина. Видео записот може да … Повеќе

Извршен претрес во неколку стана во Скопје

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, … Повеќе

Соопштение

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка … Повеќе

Обвинение за тројца терористи од Куманово

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против три лица од Куманово. На обвинетиот Б.А (28), му се става на товар дека сторил кривично дело – Терористичка организација од член 394-а став 1 и кривично … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор. Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот Таргет-Тврдина, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство. Но и покрај тоа, по завршување на … Повеќе

Наредба за истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од … Повеќе