Соопштенија

Предложени мерки на претпазливост за второосомничениот

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост спрема второосомничениот – член на Советот на јавни обвинители.

Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да  му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот,  како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница.

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.