Соопштенија

Скопјанец осомничен за тешки дела против здравјето и излагање на опасност на деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, … Повеќе

Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава. На 6 … Повеќе

Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста на новинарка

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал … Повеќе

Еден осомничен за продолжено кривично дело уцена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на … Повеќе

Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Тешка кражба согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. На 24 јуни, на улицата “Разловечко востание” во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил позади грб на една оштетена, ја фатил за левото рамо, … Повеќе

Истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го … Повеќе

Пет лица во Скопје осомничени за насилство во дворот на Клинички центар

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 4 јуни, осомничениот влегол во филијала на банка на улицата “Бојмија” во Скопје и со сериозна закана и … Повеќе

Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка … Повеќе

Номиниран јавен обвинител за следење на предметите од омраза и дискриминација во ОЈО Скопје

Врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20.05.2024 година со претставници од невладиниот сектор, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски донесе одлука да номинира еден јавен обвинител од ОЈО Скопје задолжен да го следи постапувањето во предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо … Повеќе

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба при семејно насилство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил … Повеќе

Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 … Повеќе

За грабнување и двојно свирепо убиство – обвинение против четворица, за двајца продолжува постапката

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и  едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 … Повеќе

Извршен увид по пукање на Пластичарска улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени. Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се … Повеќе

Истрага за продолжено кривично дело измама

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело – Измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во … Повеќе

Соопштение

По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за … Повеќе

Извршен увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на КПУ „Идризово“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на … Повеќе

Две лица лишени од живот во Стајковци, ОЈО Скопје изврши увид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат. Причините … Повеќе

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик. Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода … Повеќе