Соопштенија

Средба на јавните обвинители Хајрулахи и Бубевски со директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија

По иницијатива на директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, се одржа работна средба помеѓу Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и претставници на Агенцијата. На средбата се … Повеќе

Предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со жалбите во предметот „Таргет-Тврдина“

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по повод изјавените жалби на обвинетите по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како  „Таргет – Тврдина“. На седницата, јавниот обвинител … Повеќе

Средба Хајурлахи-Тупанчески

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска оствари протоколарна средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески. На средбата се разговараше за севкупните состојби во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и во основните јавни обвинителства на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Хајрулахи и Тупанчевски на средбата договорија соработката да продолжи … Повеќе

Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот Транспортер, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

По донесување на Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот во јавноста познат како „Транспортер“, поднесени се жалби од обвинетите и нивните бранители по сите жалбени основи. Тие бараат првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати на повторно разгледување и одлучување. Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје по извршениот увид … Повеќе

Уважена жалбата на ОЈО Скопје во врска со условната осуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Јавното обвинителство денеска ја прими пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се уважува жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во поглед на кривичната санкција изречена со првостепената пресуда во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на 12.10.2018 година кај Млечен ресторан. Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот … Повеќе

Потврдено решението за отфрлање на кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое ја одби како неоснована жалбата на семејството на починатиот Булент Ибрахим и го потврди донесеното Решение на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Денеска на одржаната јавна расправа во Апелациониот суд по поднесените жалби за пресудите за случувањата на 27 април во Собранието,  Вишото јавно обвинителство Скопје, по проучување на првостепената пресуда и останатите списи од предметот даде предлог да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетите, и тоа по сите основи на кои се однесуваат. Во однос … Повеќе